Со турнирот во Крива Паланка заврши првиот дел од сезоната

0

Со учество на 37 пинг-понгари во машка конкуренција и 9 во женска, вчера заврши есенскиот дел од државниот шампионат кај сениорите.

Во финалето кај мажите Теодор Кировски го совлада Петар Митков, член на Крива Паланка 2007 со 3:2 (11:9,11:7, 9:11, 11:13, 11:8) и го освои златниот медал. Третото место го освоија Гоце Димовски и Васко Манасиески. Изненадување беше елиминицијата во 1 /4 финалето на Петар Костовски кој е актуелен државен првак во категоријата У-21.

Кај сениорките, Ана Стојановска од ППК Крива Паланка ја потврди одличната форма и го освои златниот медал. Таа во финалето ја совлада Билјана Младеновска од ППК Градба Промет од Кавадарци со 3:2. Третата позиција ја обезбеди Добринка Сотирова пред Ива Димитриевска.

 

Share.

Leave A Reply