Собрани 60.000 денари од аукција на дресовите на Еурофарм Пелистер

0

Битолчани вчера собраа 60.000 денари, откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на битолските компании SN брокер, ЈК травел и SN финансии кои го поддржаа овој настан.

Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка. Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми.

Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество. Тие ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат ги добија како подарок првите клуб картички на компаниите  ЈК травел и SN финансии со што стануваат членови на ова големо семејство.

Share.

Leave A Reply