Италијанската скијачка Софија Гоџа е победник на третиот спуст за Светскиот куп оваа сезона, кој се возеше во Сент Антон, Австрија.
Во својата деветта победа во кариерата, 28-годишната Италијанка покажа дека нема конкуренција во најбрзата алпска дисциплина во моментот, особено кога ќе успее да вози без грешки.
Единствената што успеа да заостане зад Гоџа за помалку од една секунда (+0,96) беше второпласираната Австријка Тамара Типлер. Трета беше Американката Бризи Џонсон.
Софија Гоџа е лидер во поредокот со 280 од максимални 300 бодови.