Сојузот на Спортови ги врачи 13. ноемвриските награди

0

Сојузот на спортови на Град Скопје денес во СЦ „Борис Трајковски“ги додели 13. ноемвриските наградите во областа на спортот.

Наградата 13-ти ноември предвидена за најдобриот спортист отиде во рацете на Стојанче Стоилов, капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар. Кај тренерите наградата му припадна на Раул Гонзалез, тренер (РК Вардар и селектор на Македонија), а РК Вардар беше прогласен за најуспешна екипа.

13. ноемвриска награда добија и Др. Боро Илиев – лекар, спортските работници Крсте Војневски и Назим Куртовиќ, како и награди за животно дело кои ги добија Александар Атанасов, Јован Јовановски и Насе Кондовски. Од новинарската фела наградата за животно дело ја доби Златко Калински.

Share.

Leave A Reply