Сојузот на спортови на Град Скопје денес ги додели наградите 13 ноември во областа на спортот.
Повеќе од 50 години Сојузот на спортови на Град Скопје ги доделува овие награди, а оваа година тие им припаднаа на Игор Димовски (триатлонец) како спортист. За спортски работник награда доби Александар Петровски, директор на СЦ „Борис Трајковски“, а наградите на спортски работници за животно дело им беа доделени Др. Нада Темелковска (спортски лекар), Ристо Петров (куглање), Петар Шумановски (стрелаштво) и Марјан Начевски (ракометен спортски работник и поранешен судија). За помагање и поддршка на спортските натпревари и настапи, награда 13 ноември доби Дејан Трајковски, началник за секторот за сообраќај во МВР.
Наградата 13 ноември на Сојузот на спортови на Град Скопје, за особени заслуги во развојот и унапредувањетона спортот и спортската рекреација во Скопје му беше доделена на Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов.