Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

0

Пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска е годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на Скопје.

На свеченоста одржана денес, Поп Ацев ја доби наградата за освојувањето на првото место на светската ранг листа во маратонско пливање, додека Симона Заборска годинава оствари пласман на 2. место на Универзијадата во Португалија, како и 3. место на младинските олимписки игри во Азербејџан.

Наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер оди во рацете на Билјана Црвенковска, која минатата сезона беше дел од тренерскиот штаб на европскиот шампион РК Вардар, кој исто така ја освои и титулата во СЕХА Лигата. РК Вардар, пак, беше прогласен за најдобра екипа.

Посебни признанија за животно дело добија Александар Домлевски, Андреја Јовановски, Димче Јосифовски, Ѓорѓи Ајановски-Џоџо и Иван Лесевски.

За поддршка на спортотот му беше доделено и признание на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу кој дава голема помош за спортот во оваа општина.

Share.

Leave A Reply