„Соколите“ ја совладаа Цедевита

0

Кошаркарите на Карпош Соколи направија изненадување во АБА лигата откако доцна синоќа го совладаа составот на Цедевита во СЦ Јане Сандански со 89 спрема 81. Тренерот на нашиот тим, Драган Николиќ, не го криеше задоволството од големата победа против фаворитот во лигата.

„Триумфот против Будуќност го посветив на мојот претходник Синиша Матиќ, додека пак оваа победа е роденденски подарок за моите ќерки близначки, Јована и Катерина. Победата над силната Цедевита само го потврди овој ден како најдраг и најважен во мојот живот“ изјави Николиќ.

„Противникот беше заморен бидејќи е активен во три натпреварувања. Цедевита е голем клуб и сум пресеќен поради овој успех, -рече Николиќ. Неговиот тим во наредното коло ќе му гостува на Задар.

Share.

Leave A Reply