Соколовска продолжи со одличните настапи

0

Македонското девојче, Ева Соколовска, повторно се накити со злато откако пред неколку денови на републичкиот натпревар во Германија го освои првото место во ритмичка гимнастика. Тоа за неа е 11-та победа во исто толку настапи. Ева на турнирот настапи со четири кореографии и победи во сите. Станува збор за чуневи, хулахоп , соло  и топка.

„Ева се натпреварува во нај силната класа, тоа значи дека директно ќе се пласира за Олимпијада. Таа тренира како активен спортист што се подготвува за Олимпијада. И претстојат уште  два турнира за летен пехар и  уште еден  пријателски турнир во Холандија. Освен тоа, Ева настапи хуманитарно за денот на детето во Турција“ –  велат нејзините кои живеат во Германија.

Со Ева работат тројца тренери кои имале блескава кариера и постигнале светски резултати. Меѓу нив е поранешната гимнастичарка од Венецуела која била во Топ – 5 во светот.

Share.

Leave A Reply