Солари останува да го води Реал, најмалку до крајот на годината

0

Сантијаго Солари ќе продолжи да биде привремен тренер во Реал Мадрид барем до крајот на 2018 година, објави весникот „Марка“.

Европскиот клупски шампион има три победи во три средби во сите натпреварувања под раководство на Солари и тоа натерало раководството на Реал Мадрид да му изгласа доверба за подолг период од првичниот план.

42-годишниот Солари, кој го презеде Реал Мадрид откако отказ доби Јулен Лопатеги пред десет дена, го предводеше вториот тим на Реал Мадрид.

Во декември,Реал Мадрид го очекува настап на Светскиот клупски шампионат и менаџментот не сака да направи никакви промени на тренерот пред турнирот. На 11 ноември, Мадрид гостува кај Селта Виго во натпревар од Ла Лига, а моментно се наоѓаат на шестото место на табелата.

Share.

Leave A Reply