Солскјер го сака Санчо по секоја цена

0

Весникот –„Мирор“, денеска објави, дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат во јануари да го ангажираат фудбалерот на Дортмунд Борусија, Џејдон Санчо.

Бидејќи „милионерите“ бараат за младиот играч големи 100 милиони евра, јасно е дека ќе биде скратен списокот на екипите што ќе конкурираат за неговиот потпис. Англиските медиуми повикувајќи се на извори блиски до клубот од „Олд Трафорд“, потенцираат дека „црвените ѓаволи“  дефинитвино ќе бидат во таа група.

19-годишниот англиски интернационалец во тековнава сезона во Бундес лигата одигра 12 меча со ефект од 7 голови и исто толку 7 асистенции.

Share.

Leave A Reply