Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по вчерашната тешка победа над Астана во 1. Коло од групната фаза на Лигата на Европа, вели дека неговиот тим му создал многу главоболки на средбата.
„Ние самите си создадовме главоболки. Во вакви натпревари треба да стекнете самодоверба во првите 20 минути, а потоа само да уживате во натпреварот. Сигурен сум дека нашиот стрелец на овој меч, Гринвуд, ќе оди дома и ќе биде среќен. Денес, нашите млади играчи имаа одлична можност да покажаш то можат“, вели Солскјер.