Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој добива критики од сите страни по срамниот пораз на домашен терен од Барнли, вели дека не е загрижен за неговата иднина на – „Олд Трафод“.
„Нема да купуваме по секоја цена нови играчи. Треба да работиме напорно и резултатите ќе дојдат. Мислам дека другите екипи работат на долги патеки и затоа имаат успех“ – вели Норвежанецот.
„Нема да донесеме осум или десет играчи во еден преоден рок. Имавме солиден трансфер период летоска а во јануари е секогаш тешко да донесеш добар играч“ – потенцираше тренерт на „црвените ѓаволи“.