Солскјер верува дека Рашфорд може да даде преку 20 гола

0

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, очекува младиот напаѓач Маркус Рашфорд да постигне минимум 20-гола во тековнава сезона во Премиер лигата, наведува весникот – „The Sun“, повикувајќи се на извори блиски до клубот од –  „Олд Трафорд“.

Рашфорд во претходната сезона одигра 47 натпревари и постигна скромни 13 голови. Затоа норвешкиот стратег во текот на летово работел посебно со Рашфорд  за да го подобри неговото движење во и надвор од шеснаесетникот, се наведува во објавата на весникот.

Манчестер Јунајтед на стартот на сезоната славеше убедлива победа против Челзи а Рашфорд веднаш „покажа“ дека ги слуша советите на Солскјер бидејќи успеа да постигне два гола.

 

Share.

Leave A Reply