Сопственикот на Наполи сака Анчелоти да потпише нов договор

0

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис има намера да му понуди нов договор на тренерот на клубот, Карло Анчелоти.

Според информациите во италијанскиот печат, Де Лаурентис е исклучително задоволен од работата на искусниот тренер и сака да биде човек кој долго ќе остане на тренерската позиција во тимот и ќе му донесе успеси на тимот.

Сегашниот договор на 59-годишниот тренер е до 2021 година, но идејата на Де Лаурентис е повторно да потпише договорот со подобри услови и на тој начин да остане тренер на тимот до 2024 година.

Наполи сега е на второто место и има 9 поени заостанување зад лидерот Јувентус, но тимот игра привлечен и атрактивен фудбал.

Share.

Leave A Reply