Светското првенство во ракомет кое стартува за два дена во Египет, ќе се игра пред празни трибини. Ова е дефинитивната одлука на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), која мораше да попушти пред притисокот кој го направија играчите.
Ракометарите од скоро сите репрезентации изјавија дека е нелогично тие да седат во карантини, а да играат пред полни трибини во салите во Египет. Прв и најгласен во реакциите беше ракометарот на Данска, Микел Хансен, кој се закани со неиграње ако има публика на трибините.