СП во карате одложено за 2021 година

0

Македонските каратисти како и сите останати ќе мора да почекаат до наредната година за да се натпреваруваат на Светското првенство (СП). Светското првенство во карате е уште еден голем спортски настан кој беше планирано да се одржи во ноември годинава, но е одложен за ноември следната година во Дубаи (ОАЕ).

Светската карате федерација се одлучи за овој потег поради пандемијата од коронавирусот и поместувањето на сите големи карате настани и Олимписките игри.

„Моравме да ја донесемe оваа одлука. Нашиот спорт првпат не организира ниту едно првенство во една календарска година. Се надевам и верувам дека Светското првенство во 2021 година ќе биде нова надеж“, изјави претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспинозa.

Следното СП треба да биде 25-то по ред, а планирано е да се одржи од 16 до 21 ноември 2021 година во Дубаи. Познавајќи го квалитетот на нашите каратисти, секако дека очекуваме настап и на неколку наши спортисти кои треба да се борат за висок пласман на СП во 2021 година.

Share.

Leave A Reply