Тренерот на Интер, Лучиано Спалети ќе добие нов договор, ако успее да избор место во Топ 4 на Серија А со својата екипа, пишува„Газета дело Спорт“.
Италијанскиот стручњак го презеде гигантот од Милано, заменувајќи го на оваа функцијата Стефано Пиоли по крајот на изминатиот шампионат.
Кинеските сопственици на клубот сакаат Интер да игра по секоја цена во Лигата на Шампионите од следната сезона, а евентуалниот пласман ќе му донесе добивка на Лучано Спалети, на кого ќе му биде предложен договор до 2021-ва година. Исто така од „Сунинг груп” имаат намера да направат голема селекција со која би ја засилиле конкуренцијата во тимот.