„Спарси“ ќе се обидат да го купат Даглас Коста

0

Раководните луѓе на Тотенхем планираат како да се засилат за наредната сезона во која ги очекува настап во Лигата на фудбалските шампиони.

Менаџерот, Маурисио Покетино, сака да го ангажира  крилниот играч на Баерн Минхен, Даглас Коста. Бразилскиот интернационалец не е стандарден првотимец кај Карло Анчелоти и најчесто влегува од клупата за резерви. Тој најави дека можеби ќе ја напушти „Алијанц арена“.

Затоа Тотенхем сака за сума од 30 милиони евра да го ангажира на „Вајт Харт Лејн“. Брзоногиот фудбалер има договор Баварците до јуни во 2020 година.

Share.

Leave A Reply