Спарси, Кливленд и Портланд ги обезбедија првите победи

0

Кошаркарите на Сан Антонио го добија дербито на стартот на новата сезона во НБА лигата и тоа на теренот на Голден Стејт со 129 спрема 100. Иако „воините“ се меѓу главните фаворити за титулата, Спарси одиграа одличен меч и на крајот се израдуваа на првиот триумф.

Леонард со 35 поени беше најефикасен кај Сан Антонио додека Ламаркус Олдриџ го заврши натпреварот со 26 поени и 14 скокови. Кај Голден стејт, првата ѕвезда, Стеф Кари застана на 26 поени. Шампионот Кливленд на домашен терен славеше убедливо против Њујорк со 117-88. Леброн го заврши мечот со 19 поени а најефикасен кај Кливленд беше Ирвинг со 29 поени.

Во третиот натпревар на отворањето на НБА сезоната,  Портланд успеа да победи во неговата арена против Јута со 113-104. Во поглед на реализација се истакна домашниот кошаркар Лилард со 39 поени.

 

Share.

Leave A Reply