Нашите најдобри одбојкари по вчерашната победа против Белорусија, денеска се насочуваат кон новиот предзивик на ЕП во групата „Ц“ во Љубљана.
Македонија од 17.30 часот ќе излезе на мегдан со домаќинот Словенија и ќе бара бодови кои може да ја однесат во елиминацскиот дел на континенталниот собир. По досегашните мечеви, Русија води со максимален ефект, Словенија е втора а Финска го има третото место. Турција фигурира на четвртата позиција пред Македонија и Белорусија.
Нашиот денешен противник има обезбедено место во елиминациите, но, ко-домаќинот на ЕП сигурно ќе се обиде да ги освои бодовие и во последното коло со Русија да го нападне првото место кое треба да донесе полесен противник во елиминациската рунда.