Македонскиот каратист Петар Спасеновски ја потврди својата одлична форма и ќе се бори за бронза на натпреварите од силната Премиер лига која се одржува во Дубаи.
Спасеновски до борбата за бронза стигна совладувајќи ги своите противници, Американецот Камран Мадани со 4:3, Австриецот Робин Ретенбахер со 1:0 и Ву Веј-Чун од Тај Пеј со 7:1. Сепак во полуфиналето Петар Спасеновски загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев и со тоа остана без пласман во финалето.
Карате Премиер лигата е најсилното натпреварување во каратето, а право за настап во ова натпреварување имаат само најдобрите 64 натпреварувачи по категорија.