ESPN го објави список на најдобрите 10 тренери за годината што завршува 2020 година.
Првото место на рангирањето го зазеде предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп , под чие водство екипата на Ливерпул стана шампион на Англија за прв пат по 30 години. Ханс-Дитер Флик, со кого Баерн ја освои тројната титула е на второто место. Најдобрите три ги комплетираше Пеп Гвардиола од Манчестер Сити. Граѓаните го освоија Лига купот на Англија оваа година.
Топ 10 тренери:
- Јирген Клоп (Ливерпул)
- Ханс-Дитер Флик (Баерн)
- Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)
- Џан Пјеро Гасперини (Аталанта)
- Јулијан Нагелсман ( РБ Лајпциг)
- Марсело Биелса (Лидс Јунајтед)
- Диего Симеоне (Атлетико)
- Хулен Лопетеги ( Севиља )
- Зинедин Зидан (Реал Мадрид)
- Карло Анчелоти (Евертон)