Спортот официјално се враќа во Велика Британија

0

Британскиот министер за култура Оливер Дауден изјави дека од понеделник, 1 јуни, официјално е дозволено продолжување на професионалните спортски настани во земјата.

„По повеќе од два месеци прекинување на спортските настани, по неколкунеделни разговори со медицински експерти и професионални спортски организации, јас сум задоволен што ќе ви соопштам дека владата објави упатство со кое се дозволува продолжување на настаните со затворени трибини. Сега можам да го кажам и официјално: фудбалот се враќа“, изјави Дауден.

Министерот истакна дека секое раководство на спортските организации сами мора да одлучат кога ќе го продолжат натпреварувањето. Дауден додаде и дека од 1 јуни Британците можат да играат спорт во група со најмногу шест лица, почитувајќи ги правилата на социјална оддалеченост. Покрај тоа, третина од натпреварите на англиската Премиер лига оваа сезона во Велика Британија ќе бидат прикажани бесплатно.

Share.

Leave A Reply