Спортските новинари на средба во Агенцијата за млади и спорт

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски организираше средба со македонските спортски новинари од електронските и печатени медиуми.

Целта на оваа средба беше отвореност на Агенцијата за соработка, сугестии, различни ставови на спортските новинари, како и укажување на важноста на мислењата на спортските новинари за сите поединости поврзани со развојот на македонскиот спорт.

Каевски укажа на акцентот кој оваа влада ќе го стави во однос на капиталните инвестиции, особено мали базени наменети за пливање на деца од училишната возраст, како резултат на се поголемиот процент на телесни деформитети кај децата, и додаде дека продолжува изградбата на фитнес зоните и скејт парковите.

Стана збор и за пренасочување на средства кон младинските клубови во голем број на федерации, со цел подобрување на условите за работа и мотивација за младите спортисти. Проектот опфаќа 240 млади клубови, а сумата за распределба е 22,5 милиони денари.

Посебна програма е воведена за работа на спортисти кои се олимписки потенцијални кандидати, каде станува збор за програма која ќе има цел за усовршување на идните македонски олимпијци во насока на постигнување на високи олимписки резултати.

Со помош на обемни анализи и предлози ќе се направат измени во Законот за спорт, онаму каде ќе се заклучи дека се потребни промени, а во постапка е посебен проект кој ќе овозможи увид во спортските објекти изградени од страна на Агенцијата за млади и спорт како и нивното тековно одржување.

Share.

Leave A Reply