Спуштена е завесата на фудбалскиот шампионат

0

Денеска беа одиграни мечевите од последната рунда во нашата најсилна фудбалска конкуренција. Ренова го совлада новиот шампион Шкендија со 3:2 и успеа да обезбеди опстанок.

Академија Пандев и Вардар одиграа 1:1 во меч кој немаше никакво значење додека Македонија Ѓорче Петров ја совлада Победа и си обезбеди евро-виза. Истото го направи и Шкупи кој во драматичен финиш славеше на теренот на Работнички со 2 спрема 1. Силекс иако славеше против Беласица со 2:1 ќе мора да оди во баражот.

На крајот на сезоната, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров им се придружија на Шкендија и нац Академија Пандев како претставници на Македонија во летните квалификации во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Силекс ќе игра бараж за опстанок со подобриот од второлигашкиот дуел Лабуништа – Тиквеш додека Беласица и Победа се селат во понизок ранг. Нивните места ќе ги заземат Струга Трим Љум и Борец.

Share.

Leave A Reply