Србија и Словенија играат за европското злато

0

Денес се игра финалето на ЕП во одбојка во кое се среќаваат две екипи кои со различни позиции го започаа овој шампионат.

Србија важеше за фаворит, додека Словенија се надеваше на изненадување благодарение на домашниот терен. Финалето се игра во салата „Берси“ во Париз, а играат Словенија и Србија. Најголемото изненадување на шампионатот сигурно е словенечката репрезентација, која во групната фаза да потсетиме загуби од Македонија.

Потоа следуваше одлична игра на Словенија и на патот до финалето ги совладаа Русија и Полска. Србија беше меѓу фаворитите за победа на ова ЕП, со оглед на успесите во последните 15 години. Тие имаат десет медали на последните 13 континентални собири. Денес ќе атакуваат на третото европско злато, во обид да ги обединат европските круни со женската репрезентација.

За Србија ова е прва можност за искачување на врвот на Европа по 2011 година, кога со 3:1 беа подобри од Италија и тогаш последен пат ја освоија титулата европски првак. Финалниот натпревар на ЕП 2019 се игра денес во париз од 17:30 часот.

Share.

Leave A Reply