Тениската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на АТП Купот во неговото годинешно премиерно издание. Србија успеа да ја добие Канада со 3:0 во Сиднеј во рамките на новоформираното репрезентативно натпреварување и да закаже дуел со Русија во првото полуфинале.
Со голема поддршка од трибините, првата победа за Србија ја обезбеди Душан Лајовиќ кој беше подобар од Феликс Оже-Алиасим со 6:4, 6:2, а веднаш по него победа обезбеди и Новак Ѓоковиќ кој го совлада Денис Шаповалов со 4:6, 6:1, 7:6 (7:4).
На крајот, Виктор Троицки и Никола Чачиќ во игра на двојки беа подобри и од Полански/Самасдин 6:3, 6:2. Србија утре во полуфиналето ќе се соочи со Русија, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Австралија и подобриот од дуелот меѓу Белгија и Шпанија.