Србија остана и без Милосављевиќ за СП во Кина

0

На повредите на кошаркарите пред почетокот на светското првенство им нема крај. Најновата доаѓа од таборот на Србија. Имено, српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ потврди дека се соочува со уште еден проблем во пресрет на СП во Кина откако Драган Милосављевиќ заработи повреда на пријателскиот меч со Турција.

Последните информации велат дека повредата не е нималку наивна, а со оглед на фактот дека Мундијалот почнува за 15 дена, шансите за настап на борбениот бек се сведени на теорија. Ова ќе значи уште поголемо ослабување на бековската линија на Србија, откако претходно незгодна повреда заработи и Милош Теодосиќ.

Share.

Leave A Reply