Србинот го призна поразот од Мареј

0

Новак Ѓоковиќ крајно спортски го прифати вчерашниот пораз од Енди Мареј во големото финале на завршниот Мастерс во Лодон.

Србинот честитајќи му го успехот на противникот, ја искористи шансата да потенцира уште една личност која е заслужна за успесите на Британецот а тоа е неговата сопруга Ким која  постојано беше покрај Мареј без разлика на тоа што се породи во почетокот на месец февруари.

„Мора да го оставиме Енди да ужива во моментот, да не му поставуваме прашања. Заслужува да ужива. Секако и неговата сопруга исто така. Таа се породи годинава но, и покрај тоа, патуваше низ сите страни на светот и беше покрај Енди. Знам тоа колку е тешко, гледајќи ја Јелена која мора да се враќа и да чува мало бебе. Затоа, Ким, секоја чест. Таа можеби вложи и поголем напор од Енди“ – истакна Ѓоковиќ.

Share.

Leave A Reply