Србинот го заврши настапот во Индијан Велс

0

Лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, изненадувачки е елиминиран во третото коло на силниот Мастерс во Индијан Велс.

Тенисерот од Србија беше совладан со убедливи 2-0 од Германецот, Филип Колшрајбер, кој максимално ги искористи големиот број на неизнудени грешки на неговиот противник. Што се однесува до другите фаворити, тие немаа проблеми да продолжат во наредната рунда.

Швајцарецот Роџер Федерер лесно со 2-0 (6-3 и 6-4 го совлада неговиот сонародник Стен Вавринка.Шпанецот, Рафае Надал, одигра рутинирано на мечот со Диего Сенастијан Шварцман од Аргентина и победи со 6-3 и 6-1.

Share.

Leave A Reply