Србинот имаше одлични 5 месеци од финансиски аспект

0

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, заработи неверојатни 11.251.508 долари во периодот од 18 јуни до 19 ноември само од настапите на турнирите.

Триумфот во САД му донесе 3,8 милиони долари додека за по првото место на Вимблдон инкасираше 2.885.500 долари. Ѓоковиќ во изминатите 5 месеци беше дел од шест финалиња во кои имаше ефект од четири победи (Вимблдон, Синсинати, Ју-Ес опен и Шангај) и два пораза во Париз и Лондон.

Шпанецот Рафаел Надал се наоѓа на второто место според заработувачката со 8,6 милиони долари додека младиот Германец, Александар Зверев, кој направи сензација со победата во Лондон, го збогатил неговото салдо за 7,7 милиони долари.

Share.

Leave A Reply