Србинот се израдува на нов пехар

0

Новак Ѓоковиќ и се израдува на третата титула на Отвореното тениско првенство на САД откако во текот на ноќта успеа да го совлада Аргентинецот, Дел Потро, со максимални три спрема нула.

Во првиот сет по изедначена игра пресуди осмиот гем кој со голем пресврт успеа да го освои Србинот со вкупни 6:3. Вториот сет заврши по голема борба со триумф на Ѓоковиќ со 7:6 додека во третиот двајцата финалисти држеа темпо се до осмиот гем кога новиот шампион на терените во Њујорк направи брејк, се одлепи и забележа победа со 6:3.

На Ѓоковиќ третата победа на отвореното првенство на САД му го донесе вкупно и 14-от пехар од Грен Слем турнирите

Share.

Leave A Reply