Србинот загуби во драматичен меч

0

Новак Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз на завршниот сезонски турнир кој се реализира во Лондон. Српскиот тенисер  во второто коло беше совладан од Австриецот, Доминик Тим со 2 спрема 1 по сетови, 6:7, 6:3, 7:6.

Ѓоковиќ првиот сет го доби во тај-брејкот додека во вториот Тим започна одлично со предност од 3-0 и на крајот славеше со 6:3.  Во последниот сет по жестока битка Ѓоковиќ иако имаше предност од 3:0 и 4:1 а на крајот доживеа пораз.

Сега во групата„Б“ в пресрет на последното коло, Тим е на челната позиција и има обезбедено место во полу-финалето додека пресметката меѓу Ѓоковиќ и Федерер ќе го даде вториот учесник во последниот елиминациски филтер.

Share.

Leave A Reply