Србите доминантно го почнаа СП, Русија се намачи со Нигерија

0

Со натпреварот меѓу селекциите на Србија и Ангола, утрово стартуваше Светското првенство во кошарка во Кина. На премиерниот натпревар, Србија со доминантна игра триумфираше над Ангола со 105-59 и покажа зошто е во редот на најголемите фаворити за златото.

Богдан Богдановиќ со 24 поени беше прв стрелец во редовите на Србија, Јокиќ и Милутинов мечот го завршија со по 14 поени.

Интересен дуел имаше меѓу Русија и Нигерија, каде Русите дури во последните 60 секунди од мечот успеаја да ја совладаат силната африканска селекција. 82:77 гласеше конечниот резултат во полза на „зборнаја“.

Тесна победа обезбеди и Порторико над Иран (83:81), додека Полска малку полесно се справи со Венецуела совладувајќи ја со 80:69.

Share.

Leave A Reply