Атлетичарката од Бахреин, Јунис Џепкири Кирва, носителка на сребрен медал од ЛОИ во Рио 2016 година, е суспендирана на 4 години поради користење недозволенис тимуланси.
Родената Кенијка која трча под знамето на Бахреин била фатена со ЕПО (еритропоетин) во крвта при анализите направени на 7 мај оваа година. 35-годишната атлетичарка на ЛОИ во Рио пред 3 години беше сребрена зад Кенијката Сумгонг која заврши на првото место.