Сребро за Трајковски на ЗОИ на Специјална олимпијада

0

Македонскиот скијач Бојан Трајковски освои сребрен медал на Зимските олимпски игри на Специјална олимпијада во Австрија во дисциплината супервелеслалом за почетници.

На трката во Шладминг, Трајковски го освои второто место зад победникот Хаел Хардинес од Аргентина. Трајковски, кој е придружуван од тренерот Јован Јовановски, е единствен македонски претставник во Австрија и ќе настапи и на трката во велеслалом.

На Зимската специјална олимпијада во Австрија учествуваат 2700 спортисти и 1100 тренери од 107 држави.

Share.

Leave A Reply