Англискиот елитен фудбалски состав, Ватфорд, им понуди на властите во Велика Британија да го користат неговиот стадион и сите други придружни објекти во борбата против „COVID-19“. Поради епидемијата, фудбалските натпревари во Англија се стопирани а стадионите не се користат.
„Треба да заборавиме на фудбалот и да се фокусираме во помагањето на Националниот здравствен систем а особено во градската болница во Ватфорд“ – се вели во официјалната веб-страница на тимот.
„Фактот дека нашиот фудбалски клуб се наоѓа веднаш до болницата, нè става во одлична позиција да им помогнеме на здравствените работници и нивните семејства на најдобар можен начин“ – рече претседателот на клубот Скот Даксбери.