Стариџ го има најубавиот гол во Премиер лигата (ВИДЕО)

0

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, е добитник на наградата за најдобар гол на месецот во англиската Премиер лига. Според изборот направен од сите погодоци во минатиот месец, оној гол на Стариџ за 1:1 на гостувањето кај Челзи е избран за најдобар.

Англискиот напаѓач со неговиот удар надвор од шеснаесетникот на дуелот во Лондон успеа во последните минути од мечот да го израмни резултатот на 1:1 и на тој начин ја продолжи неизвесноста во шампионатот. По 8 кола Ливерпул е на третото место со еднаков број бодови како и Манчестер Сити и Челзи.

Share.

Leave A Reply