Стартува ракометното ЕП за кадетки во Скопје

0

Од денеска во СРЦ „Кале“, Македонија е организатор на европското првенство во ракомет за кадетки (У17). Македонија е домаќин на вториот турнир од шампионатот, кој истовремено се игра и во Литванија.

Селекторката на нашата селекција, Јулијана Дамчевска, скоро цел месец се подготвува со кадетките за настапот на првенството каде за противнички ги имаме селекциите на Полска, Швајцарија, Грција и Фарските Острови.

Македонија е слободна во првото коло, па првиот натпревар ќе го одиграме во вторник против Грција. Според пропозициите, по завршувањето на групната фаза, првопласираните тимови ќе се сретнат во финалето, екипите кои завршиле на второто место на табелите ќе играат за третото место.

Share.

Leave A Reply