Денеска на ракометното игралиште кај Женска плажа во Струга ќе стартува најновото издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир.
Од денес, па до недела не очекуваат интересни натпревари меѓу 8 учесници поделени во две групи:
Во првата група се екипите на Еурофарм Р., Тулуз, Бешикташ и Целје, додека во втората: Струга, Алингсас, Костанца и Железничар. Во рамките на турнирот в сабота од 21 часот ќе се одигра и македонскиот Супер Куп меч меѓу Вардар и Металург.
Денеска на програмата:
Железничар – Струга (17:30 ч)
Констанца – Алингсас (19:15 ч)
Целје – Еурофарм Работник (21 ч)