Вечерва стартуваат возбудувањата од новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите. Стартува борбата за титулата во најбогатото и најатрактивно натпеварување во организација на УЕФА.
Оваа година УЕФА го зглеми наградниот фонд, па така за секоја победа се добива 2,7 милиони евра, додека за освоен бод се добива 900 000 евра. УЕФА ја промени и сатницата за одигрување на натпреварите, па наместо во стандардниот термин од 20.45 часот, сега натпреварите ќе се играат во два термини во18:55 часот и во 21.00 часот.
Во овој прв термин денес ќе бдат одиграни натпреварите од групата „Б“. Првиот меч е меѓу Интер и Тотенхем, а во вториот се среќаваат составите на Барселона и ПСВ Ајндховен. Се очекува Барселона да биде фаворит за првото место додека Интер и Тотенхем да се борат за второто, а ПСВ Ајндховен да чека кикс на фаворитите.
Во вториот термин од 21:00 часот, исто така, има и некои привлечни натпревари. Најинтересен е Ливерпул и Париз Сен Жермен во групата „Ц”. Двата тима се фаворити да продолжат понатаму, па дури и да победат во групата, така што денешната средба ќе биде доста интересна. Другиот дуел од групата пак се игра во Белград каде Црвена Ѕвезда по голема пауза е дел од ЛШ и го пречекува Наполи.
Група „А“, исто така има интересни натпревари. Монако го пречекува Атлетико Мадрид на својот „Луи II“ во судир меѓу два доста интересни тима. Другиот натпревар пак е помеѓу Бриж и Борусија (Дортмунд), а во него Германците имаат предност барем на хартија и се фаворити за да ги освојат трите бода, ако сакаат да имаат реална шанса за пласман во 1/8-финалето.
Можеби најнепредвидливата група е „Д”. Во неа не постои силен фаворит, а борбата за пласман понатаму ќе биде доста интересна. Првите дуели се Шалке 04 и Порто во Гелзенкирхен и Галатасарај против Локомотив (Москва) во Истанбул.
Лига на шампиони, групна фаза, 1 коло:
од 18:55:
Група „Б“
Барселона – ПСВ Ајндховен
Интер – Тотенхем
од 21:00 часот:
Група „А”
Монако – Атлетико Мадрид
Бриж – Борусија (Дортмунд)
Група „Ц“
Ливерпул – ПСЖ
Црвена Ѕвезда – Наполи
Група „Д”
Галатасарај – Локомотив (Москва)
Шалке 04 – Порто