Сташ Скубе во идеалниот тим на првото коло на ЛШ

0

Ракометниот шампион на Европа, Вардар стартуваше со победа против Монпеље во првото  коло од новата сезона во Лигата на шампиони. Одличен на оваа средба беше Стаж Скубе кој го предводеше Вардар до победата на гостувањето во Франција.

Токму оваа негова игра значеше дека може да се најде во идеалниот тим на првото коло од Лигата на шампионите.

Идеален тим на првото коло на Лигата на шампионите:
Голман: Андреас Волф (Киелце)
Лево крило: Диего Бранкиљо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Стаж Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јоанеа (Спортинг)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Барселона)

Веќе в среда започнува и второто коло од Лигата на шампионите кога ќе бидат одиграни три натпревари, меѓу кои и гостувањето на Еурофарм Работник кај Савехоф во Шведска.

Share.

Leave A Reply