Ставре Јада предпоследен во квалификациите на денешниот спринт

0

Првиот наш спортист кој се појави на ЗОИ во ПјонгЧанг Ставре Јада имаше слаб настап во дисциплината „спринт“ во нордиско скијање.

Ставре Јада кој денес се појави прв од нашите спортисти на ЗОи во ПјонгЧанг мина последен низ целта на денешните квалификации, но сепак не заврши последен.

Од вкупно 80 натпреварувачи Јада се најде на 79. место, а зад него во конечниот пласман е единствено Кинезот Сун Чингаи, кој беше дисквалификуван.

Ставре Јада оваа патека ја помина за време од 4:23,85 минути, што беше за 1 минута и 15 секунди послабо време од најдобриот во денешните квалификации, Ристомати Хакола од Финска кој имаше време од 3:08,54 минути.

Share.

Leave A Reply