Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии ќе ја дели правдата на дерби мечот од 29. коло во првата фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи.
Натпреварот ќе биде одигран в недела на стадионот под Шара од 16.00 часот. Доколку домаќините ги освојат трите бода, тогаш и теоретски ќе ја обезедат титулата и ќе бидат новите шампиони на Македонија. Охриѓанецот, Марјан Марковски, ќе бде на центарот на мечот Победа-Вардар. Натпреварот Работнички-Пелистер му припадна на Стојанче Стоилов од Штип.
Судијата од Кавадарци, Зоранчо Темелков, ќе ја дели правдата на средбата во Кратово меѓу Силекс и Ренова додека натпреварот меѓу Скопје и Академија Пандев ќе го суди Дејан Јакимовски од Скопје.