Ставрев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Шкендија

0

Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 година, а токму поради овој последен собир за оваа календарска година, овој викенд дури четири средби од Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат в сабота, а само еден е закажан за в недела.

На програмата е 14. коло во прволигашкото друштво каде Струга Трим&Лум го пречекува лидерот Вардар, додека дерби-средбата се игра во Скопје каде Работички ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес ги одреди судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на овие средби.

Силекс – Шкупи  (Марјан Маркоски)
Ренова – Академија Пандев  (Дејан Јакимовски)
Струга Трим & Лум – Вардар  (Васко Мавров)
Борец – Македонија ЃП  (Димитар Мечкаровски)
Работнички – Шкендија  (Александар Ставрев)

Сите натпревари од ова 14. коло се играат во сабота од 13:00 часот, само дуелот Работнички – Шкендија е закажана за в недела од 13.00 часот.

Share.

Leave A Reply