Плејмејкерот на Голден Стејт и прва ѕвезда на тимот Стеф Кари ќе остане надвор од игра најмалку уште десет дена, за да може целосно да се опорави од повредата во препоните, која го мачи во последната недела, објавија од шампионот во НБА лигата.
Стеф Кари доби повредата на средбата со Милвоки на 8 ноември и ги пропушти последните три натпревари на тимот, а во наредните 10 дена ќе пропушти уште 5 меча, на гости кај Далас, Хјустон и Сан Антонио, како и домашните натпревари со Оклахома Сити и Портланд.
Кари оваа сезона има просек од 29,5 поени, 6,1 асистенции и 5 скока по натпревар.