Стефановски 8-ми и 5-ти во Чешка, на крајот 4-ти во генерален пласман

0

Во последните две трки од ФИА ЕТЦЦ шампионатот одржани на патеката во Мост (Чешка), нашиот Игор Стефанвоски-Иџе најнапред го освои осмото место во првата трка и потоа во втората стартуваше од пол-позицијата за на крајот го освои петтото место. Со денешните бодови, Иџе, на крајот го освои четвртото место во генералниот пласман.

Стефановски имаше добра прва трка и во моментите кога успеа да избие на првата позиција беше казнет со влегување во бокс што го чинеше многу и освојување на осмото место во првата трка. На стартот на втората трка за момент ја загуби лидерската позиција, но повторно ја презеде и ја имаше до средината на трката. Во шестиот круг, Стефановски беше затворен од Шрајбер, кој излета од трката, а нашиот возач го загуби првото место. Водечката позиција во тие моменти ја презеде Фулин и не ја испушти до крајот, па сосема заслужено го освои првото место. Иџе до крајот водеше голема борба со Наџи и Кралев за второто место, кое на крајот му припадна на Бугаринот Кралев, а нашиот Стефановски во финишот заврши како петти.

Титулата во овогодинешниот ФИА ЕТЦЦ шампионат ја освои Чехот, Петр Фулин (ова е негова трета титула по 2013 и 2015 година) со 80 бода, а зад него се пласира Унгарецот Норберт Наџи, кој на крајот собра 73 поени. Игор Стефанвоски-Иџе заврши како четвртопласиран со 60 освоени поени.

Share.

Leave A Reply