Стефановски го освои 6-то место и 10 бода на патеката во Имола

0

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе настапи во рамките од Шампионатот на Италија во ТЦР и го освои 6. место и во првата од двете трки на Имола освои 10 бода. Со новите бодови Стефановски падна на 12 место на табелата во првенството на Италија.

Сега пред него изби Јакопо Џудети кој на трката на Имола го освои четвртото место и 15 бодови. Утре ќе се вози втората трка на Имола со што ќе заврши првенството на Италија во ТЦР. Игор Стефановски – Иџе до крајот на трката се обиде да дојде и до петтата позиција против Ахмадов, но на крајот Ахмадов не му дозволи на Стефановски да го престигне и мораше да се задоволи со шесто место. Првата позиција денес ја освои Микел Азкона од Шпанија, пред Италијанците Џакон и Јелмини.

Втората трка е закажана утре (недела) со почеток од 12.40 часот на патеката „Енцо и Дино Ферари“.

Share.

Leave A Reply