Стефановски: „Ќе дадам се од себе да ја освојам титулата“

0

Викендов се вози последната трка во ФИА ЕТЦЦ шампионатот.Со Шампионски амбиции и добро расположение , македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски Иџе посакува да ги израдува своите фанови на патеката Мост во Чешка.

„Убеден сум во освојувањето на титулата во ова натпреварување. Ветувам дека заедно со членовите на мојот тим, уште еднаш ќе дадеме се од себе. Птеката Мост е непозната за мене. Но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мои стратешки мигови сега се фокусирани кон мојот последен настап. Во Чешка одам на сигурна победа “ изјави Игор Стефановски Иџе.

Стефановски и неговиот Сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 8 поени. Во генералниот пласман со 63 бода води Петр Фулин од Чешка, пред Шрајбер со 57 и Наѓи со 56 поени, додека Стефановски има 55 бода на четвртото место. Натпреварите напатеката Мост во Чешка се од 6 до 8 октомври.

Share.

Leave A Reply