Стефановски не ја заврши денешната трка откако го оштети возилото

0

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе остана без бодови викендов во ТЦР-шампионатот во Италија затоа што не ја заврши втората трка која се одржа денес.

Стефановски вчера имаше добро возење до предсамиот крај кога имаше несреќа и падна дури на 14-та позиција, а денес на втората трка по пет извозени круга се судри во едно од возилата кое се изврти, па го оштети возилото и не можеше да продолжи, а со тоа мораше да ја напушти патеката.

Ова и дефинитвно бешелош и несреќен викенд за Игор Стефановски Иџе кој во новата сезона од ТЦР-шампионатот во Италија има освоено 52 бода.

Share.

Leave A Reply